Турција во вторникот го потврди првиот смртен исход од зараза со новиот тип коронавирус Covid-19, додека во земјата има вкупно 98 инфицирани.
„Денеска го загубивме првиот пациент во нашата борба со коронавирусот“, изјави трускиот министер за здравство, Фахретин Коча.
Станува збор за 89-годишен маж, кој се заразил во контакт со претприемач кој бил поврзан со Кина.
Бројот на случаите на зараза во Турција се зголеми од 47 на 98 лица, додаде министерот и прецизираше дека закрепнува големо мнозинство од тестираните кои биле позитивни.
Турција презема низа мерки за зауздување на пандемијата, меѓу кои се запирање на воздухопловните линии, затворање на рестораните, кафеаните, како и училиштата и факултетите.
Властите, исто така, најавија и привремено сопирање на колективните молитви во џамиите.