![komarec-zapaden-nil500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/komarec-zapaden-nil500.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Осумдесет и четиригодишна жена од Белград, која беше хроничен пациент заболен од западнонилска треска, е првата жртва што се поврзува со вирусот во Србија оваа година.
Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“ објави дека досега се регистрирани три случаи на западнонилска треска, два потврдени во Белград и еден, најверојатно, со фатален исход.
До 15 август регистрирани се 68 случаи на западнонилска треска во земјите на ЕУ, и тоа во Грција 48, во Романија осум, на Кипар пет, во Италија три, во Унгарија два и по еден случај во Бугарија и Франција.