Жена којашто вчера била хоспитализирана со потврдена зараза од новиот сој коронавирус Covid-19, починала во средата попладне во бугарската престолнитен Софија.
Шеесет и шестгодишната пациентка имала хронични кардиоваскуларни проблеми и претходна операција на срцето. Жената дошла во болницата „Пирогов“ со тешка пневмонија.
И покрај извршените интензивни реанимациски мерки лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот.
Под медицински надзор се ставени осум лица кои биле во непосреден контакт со починатата жена.
Екипа на болницата „Пирогов“ и натаму се бори за животот на 74-годишен маж, кој исто така има позитиовен тест на коронавирус. Во карантин во Бугарија се уште седум лица поради сомневање на коронавирусот.