Првата жртва од студениот бран што ја зафати земјата изминатите денови е регистрирана во Албанија.
Станува збор за лице на возраст од околу 35 години, евидентиран како бездомник, кој најчесто пресојувал во населбата бр.17 во пристанишниот град Драч. Според жители на населбата тој бил лице со психички проблеми.
Во врска со настанот реагираше и Народниот правобранител Игли Тотозани, кој искажа длабоко жалење за загубата на животот на еден бездомник.
– Ова е човечка трагедија, која предупредува. Локалните функционери не треба да чекаат бездомниците или сиромашните да ги заземат нивните канцеларии туку да излезат на терен заедно со своите вработени за да ги идентификуваат луѓето кои имаат потреба и да им пружат помош и засолниште, остакна Тотозани.
Инаку, целата територија на Албанија е закована во снег и студ. Ноќва регистрирана е темпераура од минус 21 степен. Дебелината на снежната покривка во одделени населени места, посебно во подрачјата на Кукс, Скадар, Пук, Пешкопеја, Корча достигнува и до 1,5 метри. Проблеми има во нормалното снабдување со електрична енергија, многу села се сеуште завеани а движењето по националните патишта е неможно без синџири.