![бик](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/bik.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Првата трка на бикови се одржа денеска во Памплона во рамките на фестивалот Сан Фермин во Шпанија. Во трката, која траеше две минути и 35 секунди, никој не беше тешко повреден, но неколку лица се здобија со расекотини, поради повреди од пад или беа прегазени од бикови.
Десетици илјади луѓе ја следеа трката низ тесните улички на Памплона.
Тоа беше прва од осумте трки закажани за време на фестивалот.
Биковите кои трчаат наутро, попладне се убиваат. Активистите за правата на животните водеа кампања против колежот, но борбите со бикови се уште се популарни во некои делови на Шпанија и се составен дел од фестивалот Сан Фермин.
Лани и завчера фестивалот не се одржа поради пандемијата на корона вирусот.
Во Шпанија повеќето луѓе се вакцинирани, но маските се препорачуваат поради неминовното зголемување на бројот на заразени, но меѓу толпата во Памплона, средновековен шпански град, маските беа ретка глетка.
Фестивалот е познат по трките со бикови кои се организираат секое утро во 8 часот, на кои учествуваат илјадници луѓе, главно мажи, традиционално облечени во бело, со црвени марами околу вратот. Патеката е долга 876 метри, а посипана е со супстанца по која биковите се лизгаат при свиоци.
Оваа манифестација потекнува од 16 век, во чест на светецот и патронот на Памплона, Сан Фермин.