Првични информации: Најмалку 10 загинати, а 40 повредени во експлозиите на аеродромот во Истанбул

Најмалку две експлозии одекнале на терминалот за пристигнувања на аеродромот Ататурк во Истанбул. Турските власти за „Ројтерс“ ги потврдија информациите дека се работи за две одделни експлозии.

Дел од турските медиуми јавуваат дека станува збор за терористички напади на две одделни локации на аеродромот.

„Хабертурк“ јавува дека над 40 лица се повредени во експлозиите, а дека најмалку 1о лица загинале.

Турскиот пратеник Ерен Ердем на Твитер објави експлозиите се предизвикани од бомбаши самоубијци, додавајќи дека поголем број лица се повредени.

Ројтерс јавува дека полицијата отворила оган врз неколку лица на меѓународниот влез на терминалот.

Голем број од лицата што биле во близина на експлозиите објавија фотографии и видеа од аеродромот. Погледнете ги на следниот линк.