Дваесет и едногодишен спасител од Хонгконг, е првиот антивладин демонстрант кој се изјасни виновен за учество во бунтот во текот на минатогодишните безредија, и во петокот е осуден на четири години затвори поради „директен напад на владеењето на правото“.
Син Ка-хо бил еден од илјадниците лица кои на 12-ти јуни минатата година го опколија парламентот во настојувањата да ги спречат пратениците во второто читање на предлог-законот, кој подоцна беше повлечен, а со кој се овозможуваше предавања на обвинетите на судовит во континентална Кина.
Десетици демонстранти, повеќето облечени во црно и со транспаренти „Ослободете го Хонгконг“ и „Револуција на нашето време“, се собраа пред судот со повиците „Нема бунт, само тиранија“. Додека Син со возило на правосудната полиција беше носен на судор, демонстрантите му порачуваа да „остане силен“.
Споменатиот протест пред хонконшкиот парламент беше првиот од многуте кои минатата година доведуваа до жестоку судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Поранешната колонија Хонгконг од 1842 година чиј суверенитет на 1-ви јули 1997 беше вратен на Кина, го има статусот на Специјален административен регион на Народна Република Кина најмалку до 2047 година, според формулацијата „една земја, два система“. Според него, оваа територија може да задржи одредени слободи, како што е слободата на протест и независен правосуден систем.
Син призна пред судот дека се туркал низ полициските барикади и дека фрлал чадори и други предмети врз полицијата, но негираше планирање напад. Со тоа не се согласи судијата на окружниот суд Аманд Вудкок, којашто при изрекување на пресудата рече дека станувало збор за „директен напад на владеењето на правото“.
Медиумите наведуваат дека висината на неговата казна би можело да се толкува како мерило за околу 600 лица коишто, исто така, се обвинети за бунт, со можна казна до 10 години затвор.
Син е првиот кој ја призна вината. Тоа претставува симболичен удар за протестното движење коешто бара амнестија за сите аупсени, а меѓу барањата е и владата во Хонгконг да престане протестите да ги третира како бунт,