Првиот епидемиолог на САД, Фаучи добива закани по живот

Eнтони Фаучи, кој е водечки американски епидемиолог соопшти дека добива закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. Тој вели дека заканите му се упатувани поради неговата работа и актуелната состојба со коронавирусот.

Поради заканите, Фаучи најави дека ќе ангажира обезбедување и жали што неговото семејство поминува низ вакви моменти.

Тој е и член на оперативната група за коронавирусот на Белата куќа и постојано е во центарот на интересот на јавноста откако започна пандемијата предизвикана од ковид-19.