Вдомениот пес Немо, кој под својот претседателски покрив го прими семејството Макрон, бучно се измокри во каминот во Златната сала на Елисејската палата во текот на состанокот на претседателот Емануел Макрон и тројца негови министри, а медиумите беа одушевени, бидејќи камерите сето тоа го забележаа а Немо стана ѕвезда на YoTube.
Двегодишниот мешан пес од расите птичар и лабрадор кој Брижит и Емануел Макрон го вдомија во август годинава, среде разговорот на претседателот и тројцата министри, вообичаено за неговиот сој, ја поткрена задната нога и, неможејќи да му одолее на повикот на природата, бучни се измокри во каминот, со гласната смеа на четворицата присутни.
„Само што се прашував од каде доаѓа овој звук“, вели на снимката младата министерка за екологија Брун Парсон, а нејзиниот колега во владата Жулиен Донронди сосема сериозен го прашува Макрон „дали тоа се случува често“.
„Ете, вие сте причината за тоа… што мојот пес се однесува сосема непристојно“, му одговора Макрон, гласно смеејќи се, а потоа, продолжуваат со сериозните теми.
Немо, инаку, не е првиот претседателски миленик кој во Елисејската палата „прави проблеми“.
Кичињата на поранешниот претседател Николас Саркози ги изгризаа и изгребаа непроценливиот мебел и теписите во дворецот, чијашто реставрација потоа чинеше десетици илјади евра, а малтезерот на Жак Ширак на крајот мораше да биде „прогонет“ од Елисејската палата откако повеќепати го нападна својот сопствени, незадоволен изгледа од преместувањето во помал животен простор.
https://www.youtube.com/watch?v=eBS4HXZLzl4