Првиот кинески носач на авиони од домашно производство денеска свечено е предаден на армијата и пуштен во употреба. Носачот на авиони е наречен „Шандонг“, по истоимената источна кинеска провинција.
Церемонијата на предавање на бродот во употреба е одржана во базата на кинеската морнарица во јужната провинција Хајнан, а присуствуваше и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Дизајнот на „Шандонг“ е заснован на носачот на авиони „Лијаонинг“, кој е купен како половен од Украина во 1998 година и приспособен на потребите на Кина.
Бродот има радар интегриран со јарболот, на палубата има вооружен систем, оппремен е со писта на која има доволно простор за 32 борбени авиони Ј-15, шест повеќе од носачот на авиони „Лијаонинг“.