Првиот компјутер на Apple продаден за 400.000 долари

Првиот копмјутер на американскиот технолошки гигант Apple, еден од само 200-те кои во 1976 заедно ги направиле и тестирале Стив Вознијак, Стив Џобс, Пети Џобс и Даниел Котке, во вторникот беше продаден на наддавање на калифорниската аукциска куќа John Moran Auctioneers за 400.000 долари, откако почетно беше поднуден за 200.000 долари.

Постигнатата цена од 400.000 долари, не е рекордна за примерок од компјутерот „Apple 1“, во 2014 година аукциската куќа Bonhmas еден примерок го продадде на наддавање во Њујорк за 905.000 долари.

Реткиот примерок на компјутерот „Apple 1“ со куќиште изработено од дрво е еден од само 60-те преостанати и само еден од 20-те кои сѐ уште се во функција. Досега имал само двајца сопственици.

„Прв го купил професор по електроника на колеџот Чафи во Ранчо-Кукамонга во Калифорнија, кој потоа за 650 долари во 1977 година му го продал на свој студент“, се наведува на веб-страницата на аукциската куќа. Додаваат и дека новиот сосптвеник покрај реткиот комјутер ги одбил и оригиналните упатства за користење, како и касети.

Компјутерот е достапен во пакетот со миноторот CRT на „Panasonic“, копија од прирачникот за „Apple 1“ и за „Basic“, оригиналниот прирачник за програмирање и користење, две оригинални касети со програмите за компјутерот и неговите кабли за спојување. Компјутерот е базиран на процесорот MOS 6502 na 1 MHz, а доаѓал со 4 или со 8 kb RAM со можност за проширување до 58 kb и ROM од 256 бајти. Излезот на екрабнот бил исклучиво текстуално, само големи букви во 24 редови по 40 столба.

Кимпјутерите од моделот „Apple 1“ биле продавана по цената од 666,66 долари, бидејќи Восниак наводно сакал да ги повторува бројките, а одговара на денешната цена од околу 3.000 долари.

„Ова е своевиден вид на Светиот грал за колкеционерите на винтиџ електронијата и компјутерската технологгија“, изјави пред аукцијата за The Los Angeles Times, Кори Коен експерт за „Apple 1“.

Стив Џобс, Стив Возниак и Роналд Вејн го основале „Apple 1“ во април 1976 година во Калифорнија, а за да го финансираат произвдоството Џобс го продал своето комби „Volkswagen Microbus“, додека Возниак за 500 долари го продал својот калкулатор „HP-65“.