Првиот судир сезонава меѓу Шкендија и Вардар заврши без победник

Дербито во првата македонска фудбалска лига на стартот на новото првенство заврши мирољубиво, Шкендија-Вардар 2:2.

Љубителите на фудбалот во Тетово уживаа во фудбалската претстава која изобилуваше со шанси, стативи, пенал, голови, црвен картон.

Вардарци поведоа со голот на Барсегјан многу рано. Во првиот дел Шкендија преку Ибраими не искористи пенал за израмнување. Во вториот дел Бесарт Ибраими погоди од слободен удар за 1:1.

Нововлезениот Бесмир Бојку постигна гол и направи резултатски пресврт, 2:1. Сепак конечните 2:2 ги постигна Горан Попов со удар по земја од триесетина метри.

На „Филип Втори“ во Скопје имаше вистинска голеада, а Ренова го изненади Работнички и славеше со 4-3.

Останатите дуели се играат в недела, ќаваат Победа- Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров и Силекс – Шкупи.и.