Првите дози вакцини за коронавирусот од „Moderna“ во Бугарија ќе пристигнат во среда

Првата испорака на 2.400 дози вакцини против Covid-19 од американската фармацевтска компанија „Moderna“ ќе пристигне во Бугарија во среда, на 13-ти јануари.

„Американската компанија ги информираше претставниците на штабот за вакцинација за својата одлука преку видео-конференција, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Во Бугарија во последните 24 часа има 753 нови случаи на коронавирус од извршени 9.871 тест.