Првите испораки на холандските и данските „F-16“ за Украина околу Нова година

Холандија и Данска на Украина ќе ѝ ги испратат првите борбени авиони од американско производство „F-16“, а првите испораки ќе бидат реализирани околу Нова година, најавија во неделата премиерите на двете земји членки на НАТО кои ги посети украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Ова е првото јавно објавено ветување за испораките на „F-16“ за Киев, неколку дена откако САД дадоа писмена гаранција по барањето на Холандија и Данска дека ќе им одобрат на трети земји испораки на борбените авиони „F-16“ од американско производство откако ќе бидат за тоа оспособени украинските пилоти.

Двете земји, според отворени извори, располагаат со околу 60 функционални летала „F-16“ и десет такви авиони за обука. Според податоците на министерството за одбрана, Холандија во функција има 24 авиони од моделот „F-16“ кои постепено ќе бидат повлечени од употреба до средината на 2024 година. Уште 18 авиони произведени од американскиот концерн „Lockheed Martin“ се достапни за продажба, од кои 12 се веќе продадени но сѐ уште не дефинитивно.

Холандија, така има на располагање 42 авиони „F-16“, но допрва треба да реши дали сите ќе му ги предаде на Киев, рече премиерот Марк Руте откако претходно во неделата беше домаќин на Зеленски. Украина се надева дека Холандија би можела да ѝ ги предаде авионите „F-16“, бидејќи холандските вооружени сили преминуваат на повеќенаменските американски ловци од последната генерација „F-35“.

Данска ќе испорача вкупно 19 млазни авиони, а првите шест на Украина треба да ѝ бидат испорачани околу Нова годна. Потоа во текот на 2024-та, засега нема одреден временски рок, ќе бодат успорачани уште осум, а уште пет во 2025 година, рече данската премиерка Мете Фредериксен.

„Знаме дека вашата слобода е и наша слобода, а знаеме и дека вам ви е потребна повеќе (оружје). Затоа објавуваме дека а Украина ѝ донираме 19 борбени авиони F-16“, изјави Фредерискен на заедничката прес-конференција со Зеленски во данската воздухопловна база Скридструп.

Зеленски одлуката ја нарече „пресвртен договор“, велејќи дека авионите ќе помогнат во јакнењето на украинската противвоздушна одбрана, како и во противофанзивата започната на почетокот од јуни но која досега и според признанието на западните сојузници на Киев не даде позначителни напредувања. Една од причините за тоа, според воени аналитичари, е токму остуството на борбена авијација како поддршка за копнените операции.

Холандија, заедно со Данска, последните неколку месеци се обидуваат да ја заживеат коалицијата од 11 земји за испорака на авионите „F-16“ на Украина и да се увежбуваат украинските пилоти за летање на нив.

„Главното прашање за Украина се авионите F-16 за да го заштитиме нашиот народ од рускиот терор. Сѐ посилни сме“, тврдеше Зеленски во објава на Telegram претходно во неделата.

Руте во мај изјави дека Холандија „сериозно ја разгледува“ испораката на борбените авиони „F-16“ во Украина. Меѓутоа, до денес воопшто не е соопштено колку авиони би добил Киев и кога.

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во саботата доцна вечерта тврдеше дека започнала обуката на украински пилоти на афионите „F-16“, но додаде дека таа ќе трае најмалку шест месеци а можеби и подолго, бидејќи освен што станува збор за комплицирана обука на пилотите треба да се обучат и инженерите и механичарите кои треба да ги одржуваат леталата.

Обуката на украинските пилоти за летање на „F-16“ ќе се одвива во Данска и во Романија, рекле за Reuters извори од коалицијата на 11-те земји.

Зеленски во саботата во текот на посетата на Шведска, каде што разговараше за можноста да добие борбени авиони „Gripen“ кои ги произведува шведскиот концерн „Saab“ но официјален Стокхолм воопшто не ги коментираше изјавите на украинскиот колега во тој контекст.