
Жена на 37-годишна возраст и нејзината двегодишна ќеркичка починаа од повредите здобиени откако авганистански државјанин влетал со својот автомобил во масата лиѓе во Минхен во четвртокот, соопшти во саботата германската полиција, потврдувајќи дека тие се првите жртви кои им подлегнале на повредите.
Полицијата соопшти дека најмалку 39 лица биле повредени во четвртокот кога 24-годишник од Авганистан влета со автомобил на протестен митинг организиран од синдикатот Verdi.
Тој беше уапсен на местото на настанот, а во петок требаше да биде изведен пред судот.
„За жал, денеска треба да ја потврдиме смртта на двегодишно дете и 37-годишна мајка“, изјави портпаролот на полицијата Лудвиг Валдингер за новинската агенција AFP.
Инцидентот во кој автомобил влета во толпа во центарот на Минхен се случи ден пред започнувањето на годишната Минхенска безбедносна конференција и десет дена пред Германците да излезат на сојузните парламентарни избори во кои доминира прашањето за илегалната миграција.