Градежното претпријатие „Трансмет“ од Скопје и општина Ѓорче Петров го завршија проектот „Игралиште за деца со посебни потреби“.
Ова е прво игралиште од ваков вид во општина Ѓорче Петров, лоцирано на просторот на новиот повеќенаменски спортски објект во УЗ „Ѓорче Петров“, пред надвозникот, пренесе Скопјеинфо.
Игралиштето зафаќа површина од 320 метри квадратни. Бетонирано е и ќе се постави гумена подлога со што ќе се избегнат можни повреди на корисниците. Поставени се и реквизити, прилагодени за овие лица. Изградена е и армирано-бетонска ограда околу целото игралиште со заштитна намена и леснопристапни патеки до секој реквизит со широчина од 1,80 метри.