Првото издание на НБА Купот за Лејкерс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се победници на првиот меѓусезонски турнир во НБА Купот, откако во финалето во Лас Вегас ги совладаа Индијана Пејсерс со 123:109.

Ентони Дејвис постигна 41 поен и додаде 20 скока, а Лејкерси со тоа станаа првите шампиони на турнирот одржан во текот на сезоната. Заедно со неговиот рекорд во сезоната во поени и скокови, Дејвис додаде и пет асистенции и четири блокади, додека погоди 16 од 24 обиди за шут од игра.

Остин Ривс постигна 28 поени за Лејкерс за нешто повеќе од 27 минути на паркетот, а МВП-то на турнирот Леброн Џејмс имаше „дабл-дабл“ учинок со 24 поени и 11 скока. За 38-годишниот играч ова е нов трофеј по четирите шампионски титули во НБА во 21 сезона. Придонесе и Д’Анџело Расел со 13 поени и седум асистенции.

Кај Индијана најрасположен беше Тајрис Халибартон со 20 поени и 11 асистенции, Бенедикт Матурин, исто така, постигна 20 а Арон Нејсмит постигна 15.

Лос Анџелес беа во водство во поголемиот дел од натпреварот, но Индијана одржуваше приклучок со својот ривал од Западниот брег во текот на целиот период. Решавачката разлика Лејкерс ја направија во последната четвртина со серија од 15:3, кога ја зголемија предноста на 115:99.

Финалниот натпревар беше и единствениот натпревар на премиерниот полусезонски турнир кој не беше вброен во вкупниот број во тенелата на лигата. Сепак, натпреварот не беше без значење, бидејќи кошаркарите на Лос Анџелес заедно со пехарот дома однесоа убава сума. Оние со стандардни договори добија по 500.000 долари, а губитниците од Индијана по 200.000 долари. Копаркарите со покуси договори, пак, добија половина од овие износи.