Актуелниот американски републикански претседател Доналд Трамп иа еден процентен поен водство пред неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, во анкетата спроведена на територијата на целите спроведена од агенцијата за социолошки истражувања Rasmussen Reports по нарачка на конзервативниот новински институт Liberty Nation.
Како што покажуваат резултите од истражувањето објавено на интернет страницата на Rasmussen Reports, на американските претседателски избори на 3-ти ноември за Трамп рекле дека ќе гласаат 48 отсто од испитаниците, а 47 проценти го поддржуваат Бајден. Уште 3 отсто од учесниците во анкетата претпочитаат некој друг кандидат, а 2 процента не се изјасниле.
Како што наведуваат од агенцијата која била спроведена во периодот од 21-ви до 25-ти декември врз примерок од 1.500 испитаници, „ова е првпат од средината на септември Трамп да има предност во некоја анкета“. Меѓутоа, и оваа предност е во рамките на маргината на статистичката грешка, која во ова истражување е проценета на 2,5 процентни поени.
Минатата седмица, според анкетата на Rasmussen Reports 49 отсто од гласачите го поддржаа Бајден, а 46 отсто се изјасниле во полза на Трамп.
Сепак, според сложениот американски изборен систем, победникот на претседателските избори во САД го одлучуваат ткн електорски гласови кои во ткн клучни сојузни држави кои ги даваат најголемиот број такви гласови, а во кои според анкетите двајцата кандидата се речиси израмнети.
На 3-ти ноемвири во САД ќе се одржат изборите за претседател и потпретседател, за 35 сенатори, за сите 435 членови на Претставничкиот дом (долниот дом на Конгресот), како и за 13 гувернери на сојузни држави и територии, како и за локалните власти.