Амбициозните сопственици на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, веќе почнаа со составување на списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на „Паркот на Принцовите“ на стартот од летниот преоден рок.
Прв на списокот со потенцијални засилувања е бразилскиот интернационалец од редовите на лондоснкиот премиерлигаш Челзи, Оскар.
Иако, малдиот играч за врска важи за миленик на контроверзниот менаџер на лондонските “сини”, инвеститорите од Катар се убедени дека сопственикот на Челзи, милијардерот од Русија, Роман Абрамович ќе седне на преговарачката маса доколку официјалната понуда на Челзи за услугите на Оскар не биде помала од 40 мил. фунти.