ПСЖ може веднаш да ги заборави Азард и Оскра

Сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович испрати јасна порака до сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, дека стандардните првотимци, Еден Азард и Оскар, не се за продажба и дека ќе експресно ќе биде одбиена секоја понуда која е наменета за репрезентативците на Белгија и на Бразил.

Француските медиуми во последните неколку недели ја форсираат приказната дека раководните лица на ПСЖ се подготвени да одвојат околу 100 мил. евра за двоецот од редовите на Челзи, но потцетуваат и дека менаџерот на лондонските “сини”, Жозе Мурињо пред неколку дена изјави дека само Азард вреди околу 100 мил. евра и дека младиот играч за врска треба да остане на “Стемфорд Бриџ” и во следните 10 години.
Доколку пропадне главниот план, раководните лица на ПСЖ своето внимание ќе го насочат кон францускиот интернационалец од редовите на Јувентус, Пол Погба кој е проценет на 80 мил. евра.