Во средбата од 18-то коло на француското фудбалско првенство, актуелниот шампион Пари Сен Жермен без многу проблеми на гостувањето со 4:0 го совлада Сен-Етјен.
Победата на паrискиот клуб му ја донесоа Леонардо Передес во 9, Килиан Мбапе во 43 и 89 минтуа и Мауро Икарди кој погоди во 72 минута. Победа на ПСЖ можеше да биде и поубедлива, но Нејмар во 62 минута не реализираше пенал. Покрај тоа, домаќинот од 25 минута играше со iграч помалку, откако беше исклучен Жан Аолу.
ПСЖ е во водство на табелата со 42 бода и меч помалку, пред Олимпик Марсеј кој има 35 бодови и Лил со 31 бод.
Олимпик Лион киксираше дома, поразен е од Рен со 0:1. Решавачкиот погодок го постигна Едуардо Камавиња во 89 минута. Лион падна на осмото место со 25 бодови, а Рен напрви голем напредок и се искачи на четвртото место со 30 бодови, само бод зад Лил кој има натпревар повеќе.
И Стразбур на гостувањето со еден погодок во противничката мрежа, го постигна Лудовик Ажорке во 11 минута, го совлада Бордо. Стразбур е 14-ти со 24 бодови, а Бордо остана на сседмата позиција на табелата со 26 бодови.