Фидбалерите на Пари Сен Жермен изборија пласман во финалето на францускиот куп откако, во полуфиналето со подобро изведување на пеналите го совладаа Монпелје со 6:5.
Во регуларниот дел мечот заврши без победник 2:2, откако ПСЖ двапати беше во водство со 1:0 и 2:1.
Париските „Светци“ поведоа во 10 минута со голот на Килиан Мбапе, а израмни Гаетан Лаборд во 45 минута. Во 50 минута Мбапе повторно го доведе ПСЖ во водство, но седум минути пред крајот Анди Делор израмни на 2:2.
При изведувањето на ударите од белата точка решавачка беше шестата серија во која Соломон Самнија го префрли голот, а Моис Кин погоди за ПСЖ.
Претходно за ПСЖ прецизни беа Ди Марија, Дрекслер, Пардес, Маркињос и Бејмар, а за Монпелје, Савание, Делор, Мавидиди, Ристиќ и Лабор.
Во второто полуфинале во четвртокот се среќаваат Монако и четвртолигашот ГФА Румили-Валиер.
Финалето е на распоредот на 19-ти мај на „Стад де Франс“ во Париз.
За ПСЖ ќе биде 19-то финале, а досега во Купот славеше рекордни 13 пати. Во случај Монако да впише победа, тоа ќе биде десетто финале, а клубот од Кнежевството досега славел пет пати.