Во дуелот од 19-то коло на француското првенство водечкиот Пари Сен Жермен со гол во продолжението се спаси од пораз во соочувањето со претпоследниот тим на табелата.
ПСЖ израмни во првата минута од судиското продолжение на мечот со голот на Мауро Икарди, откако Лориен поведе во 40 минута со голот на Тома Монгондуи. За парижаните кои и натаму се без Нејмар и Килиан Мбапе во второто полувреме заигра Серхио Рамос кој во 86 минута заработи црвен картон.
ПСЖ е прв со 46 водови 13 повеќе од Ница и Марсеј, а Лориен остана 19-ти со 16 водови бод помалку од зоната на опстанок.
Лил на гости со 3:2 го надигра на гости Бордо кој двапати беше во водство но сепак загуби. Двоен стрелец за домашните беше Албер Ели во 17 и 45 минута, а за гостите погаѓаа Бенжамин Андре во 33, Бурак Јилмаз во 77 од пенал и Жонатан Давид во 84 минута.
Лил дојде до 28 бодови и се одржа на 8-то место, а Бордо остана 17-то место со 17 бодови, само бод над зоната на испаѓање.
Во дербито Монако со 2:1 го поведи Рен. Гостите поведоа во 16 минута преку Мартен Терие а домашните израмнија со головите на Висам Бен Једер од пенал во 35 минута а поведоа во 72 минута преку Кевин Воланд.
Рен остана четврти со 31 бод, а Монако сега е шести со 29 бодови.
Во другите натпревари беа постигнати следните резултати Лион – Мец 1:1, Монпелје – Анже 4:1, Сент-Ерјен – Нант 0:1. Марсеј – Ремс 1:1, Ница – Ланс 2:1 и Троја – Брест – 1:1.