![thumbs_b_c_d0e48373adbf192388e1e792adb648f0](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/thumbs_b_c_d0e48373adbf192388e1e792adb648f0.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Се појави птичји грип во Македонија, но власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ
– Р. Македонија за многу кратко време се соочува со уште една опака заразна болест, птичји грип кај живината. Болеста е лабораториски потврдена во с. Злокуќани, Општина Карпош, но надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор. Јавноста не е информирана, НЦКБ (националниот центар за контрола на болеста) не може да се собере, а уште помалку да донесе сет на мерки, живинарските производни капацитети не се запознаени, а со тоа и не се ставени во состојба на зголемена претпазливост – велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ прашува:
– Што треба да се случи во државата за да најповиканите понесат одговорност. Живинарството е под закана на големи загуби. Агонијата во сточарското производство продолжува. Р. Македонија час поскоро мора да се ослободи штетните политики со кои СДСМ 5 години по ред носат безидејност и ниска продуктивност во македонскиот аграр.