Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, блокиран дел од градот

Шведската полиција приведе неколку лица и ја опколи кварт во Стокхолм, откако патрола слушнала наводни пукотници, соопшти полицијата во петокот, а опколената област ја вклучува и израелската амбасада.

„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница, додавајќи дека погодената област е помеѓу мостот Џургарден, Нобеловиот парк и црквата Оскар.

Неколку лица се уапсени и покрената е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.

„Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.

Агенцијата Reuters јави дека сѐ уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.

Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.