Три лица загинаа, а четврто лице е рането во пукање во Севр во Франција.
Денеска попладне вооружен маж упадна на состанок во каменоломот Сент Варен и пукаше од пушка врз присутните, јавија француските медиуми.
Локалните медиуми пренесуваат дека 30 припадници на Жандармеријата се испратени на самото место.
Три лица им подлегнале на повредите, а четвртата е префрлена во болница.
Напаѓачот потоа се обидел да си го одземе животот.
Истрагата е во тек.