Пукање на „Дижонска“

Вчера околу 17.10 часот во Скопје на ул.„Дижонска-3/8“ дошло до вербална расправија помеѓу Ш.Т.(29) и А.К.(27).

По расправијата А.К. е однесен во ГОБ-Св. Наум Охридски со огнострелни повреди во пределот на телото за кои не се знае како ги здобил.

Во врска со настанот во полициската Кисела Вода се приведени лицата Ш.Т. и Р.Т.(48), при што од Р.Т. бил одземен пиштол марка „Застава“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.