Пукање во тетовско, повредено едно лице

Маж од тетовското село Сараќино, Ќ.Е. (56), вчера е погоден со куршум во десната натколеница од неговиот соселанец П.П. (33).

Според полициски извори, вооружениот инцидент се случил вчера околу 7. 30 часот при што П.П. додека се движел со автомобил марка „голф“ со тетовски регистарски ознаки од пиштол испукал два куршуми кон Ќ.Е., кој одел пешки во близина на неговиот дом. Притоа еден од куршумите го погодил Ќ.Е. во десната надколеница, по што П.П. со возилото заминал од местото.

Повредениот Ќ.Е. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан на понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. На местото била пронајдена една чаура калибар 7,65 милиметри што била подигната за вештачење.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на П.П. и за целосно расчистување на случајот.