Звукот од петардите кај малите деца предизвикува болка и нелагодност

Најчесто се работи за минлив страв и затоа не се говори за вистински фобии во клиничка смисла, но тоа секако може да го отежне секојдневното функционирање на детето и на семејството, посебно во овој период од годината кога речиси постојано одекнуваат звуци од петарди и огномет. Што може да направат родителите за да го заштитат детето или за да го утешат ако се преплашило, зависи од неговата возраст, а клучно е да останат смирени.

Дајте му го на детето правото да се плаши

Кај доенчињата доволно е само родителите да го земат детето во раце и да го смират. Детето на таа возрат на подражавањата од околината, како што е буавата, ретко реагираат со развој на некои промени во однесувањето. Секако е важно родителите да останат мирни колку што можат, затоа што децата ги посматраат реакциите на родителите па се прилагодуваат на нив. Важно е на децата да им го дадете правото да се плашат и да им го признаете стравот. Секое дете е приказна за себе па така, родителот треба да открие што го смирува неговото дете и што му пружа чувство на сигурност.

Некои од идеите се детето да го држи родителот за рака, да се стави нешто на ушите на детето и да се намали јачината на звукот, детето да замиже и слично.