Зоранчо Маркоски, поранешен началник на УБК Прилеп, моментно нераспореден на работно место во МВР, испукал во 14:30 часот со службен пиштол во простории на ПС Прилеп, поточно во канцеларија на првиот човек на АНБ (поранешна УБК) во Прилеп. Наши извори велат дека Маркоски наводно бил незадовилен, бидејќи не добил префрлување од УБК во АНБ.
Според нашите извори, Маркоски е член на СДСМ и редовно присуствувал на сите активности кои партијата ги организирала во Прилеп. Куршумот завршил во вратата. Пукањето се случило во момент додека се раздолжувал со оружјето, а сето тоа се случило за кратко време откако министерот Оливер Спасовски си заминал од Прилеп.