Пуштена во употреба асфалтираната улица „Сремски фронт“ во Штип

Реконструираната и асфалтирана улица „Сремски фронт“ во Штип денес беше пуштена во употреба.

Промоцијата беше во населбата Дузлак на спојницата со населбата Баби, каде што завршува улицата „Сремски фронт“. Станува збор за проект во вредност од 4.4. милиона денари реализиран преку тендерска постапка од Косовската фирма „Ескаватори МК“.

– Наша цел е да ги асфалтираме сите сообраќајници во градот.Сообракајници кај кои не е интервенирано повеке од 30 години. Досега се  завршени „Славчо Стојменски„ „Маршал Тито„  дел од „Вита Поп Јорданова„ и „Мирче Ацев„ завршена е „Карл Маркс„ каде се одржува Пастрмалијадата, една од најдолгите улици во градот „Сремски фронт„ во должина од 2 километри ја пуштаме денес, ја асфалтиравме  „Џемаил Бједик„ дел од „Радански пат„ до „Черења„.Нов асфалт има и „Д-р  Слободан Јовановски„ која води до штипската касарна а ќе се работи и „Булевар ЈНА“. Во тек се зафатите и на улицата„ Христијан Карпош. Тендерски постапки течат за улиците во населбата „Деснаци„ , за втор крак од „Радански пат„, за „Вардарска„ , „Сутјеска „ пред  ОУ „Гоце Делчев„, за „Широк  дол„, за улица „Лески„ во Бабите која целосно ќе биде асфалтирана од градинката до ОУ „Славејко Арсов„, потоа тендерска  постапка тече за „Тодор Коларов „ ,„Маршал Тито„ втор дел од детската градинка„ Вера Циривири-Трена“ кон леваците покрај Отиња, вели градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

SREMFRON1234567890123

Тој информираше дека во овој период во тек се и тендерски постапки за селото Чардаклија каде во план е изградба на улици во должина од околу еден километар, а ќе се инвестира и во населбата „Железничка“ на влезот во Штип каде асфалт ќе добијат повеќе улици.

–  Ќе се асфалтира и пристапниот пат до игралиштето во Блок 2000 кое е направено со донација од ФИФА преку ФФМ а во план е асфалтирање од терминалот до бензинската  пумпа на Лукоил . Тендерска постапка тече и за улицата „Драги Крупишки„ а ќе се прошири и влезот во Штип од кружниот тек до Кампус 4 со цел да се направат и тротоари за студентите, вели Захариев.

Тој најави дека за асфалтирање на улици ќе бидат потрошени околу 1 милион евра, а за изградба на тротоари околу 200.000 евра.