Бројот на проблематични точки во светот не се намалува, а застарените конфликт не се решаваат на зелена маса, што предизвикува загриженост, вели рускиот претседател Владимир Путин.
„Затоа е тешко да се решат односите во многу делови од светот. Бројот на проблематични точки во светот не се намалува“, истакнал Путин на седница на советот на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ).
Според Путин, дел од овие места се Авганистан и Сирија. На самитот се обратил и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев. Тој исткнал дека неговата земја е подготвена да развива воено-техничка соработка со Русија, пренесува „Спутник“.
Самитот на ОДКБ се одржува во Санкт Петерсбург, а меѓудругото, на самитот ќе стане збор и за тоа кој ќе биде новиот генерален секретар на Организацијата.
Путин своите колеги ги информиал за чекорите преземени кон стабилизација на ситуацијата во Сирија и соработката со Турција и Иран. Детално се разгледувало и влошувањето на ситуацијата во Авганистан.