Путин ги отфрли обвинувањата дека сака да го обнови царството

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека нема никаква намера да го обнови некогашното руско царство, ден откако ја призна самопрогласената независност на проруските региони на истокот од Украина и го негираше легитимитетот на украинската држава.

„Очекувавме дека ќе има шпекулации за тоа дека Русија се подготвува да го обнови царството“, изјави Путин во текот на средбата со Кремљ со азербејџанскиот колега Илхам Алиов, нагласувајќи дека тоа не е точно.

Путин истакна дека по распадот на некогашниот СССР, Русија ги „сфати новите реалности и активно работеше на јакнењето“ на соработката со поранешните советски републики, како што се на пример Азербејџан и Казахстан.

Украина е во „поинаква ситуација“, бидејќи „територијата на оваа земја ја користат трети земји за да креираат закани кон Русија“, посочи Путин,.

Русија во 2008 година ги призна двете автономни територии Абхазија и Јужна Осетија, по обидот на Грузија и покрај противењето на тамошните населенија да воспостави своја власт, во времето на СССР издвоени од тогашниот состав на Советската руска република. Во 2014 година црноморскиот полустров Крим, исто така, во ерата на СССР издвоен од руската територија и приклучен на украинската, преку два референдума си ја врати укинатата автономија во 1990те и се присоедини на Руската Федерација. Русија, исто така, во Придностровје во Молдавија, е на линијата на раздвојување.

Прутин во долгиот говор ноќта кон вторникот го негираше легитимитот на украинската држава и ја истакна тезата дека таа земја е вештаќка територија нераздвоива од Русија.