Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша во четвртокот указот за зголемување на персоналниот состав на руските вооружени сили од 1,9 милиони на 2,04 милиони припадници.
Со указот кадровскиот состав на вооружените сили на Руската Федерација се зголемува до 2.039.758, вклучително и 1.150.628 војници. Со тоа, бројот на војниците кои се вклучени во борбените единици се зголемува за околу 137.000 лица.
Одлуката стапува на сила на 1-ви јануари 2023 година, според указот на Путин објавен на информативниот портал на руската влада.
Последниот пат кога Путин донесе одлука за зголемување на бројноста на руската војска беше во ноември 2017 година, кога бројот на војниците распоредени во борбените единици беше зголемен 1.013.628, а вкупниот руските трупи броеја 1.902.758 војници и офицери,
Според годишниот извештај на Меѓународниот институт за стратешки студии, Русија на почетокот од 2022 година имала 900.000 активни војници и два милиона резервисти кои служеле во последните пет години.