Рускиот претседател Владимир Путин во неделата во одвоени телефонски разговори ги повика челниците на Таџикистан и Киргистан на деескалација на пограничниот судир, во кој според последните податоци загинало 71 лице.
Путин го повикал „двете страни да спречат натамошна ескалација на судирот и што поскоро да преземат мерки кои ќе доведат до решение на ситуацијата исклучиво по мирен, политички и дипломатски пат“, објави Кремљ.
Рускиот челник ја потврдил подготвеноста на Москва, којашто е сојузник на двете земји поранешни советски републики, да им ја пружи неопходната поддршка и помош за да ја осигури стабилноста во пограничната област меѓу Кригистан и Таџикистан.
Двете земји во неделата објавија дека бројот на загинатите во нивниот пограничен судир се искачил на 71 лице. Истовремено потврдија дека меѓу двете централноазиски нации втор ден на сила е кревкиот прекин на огнот.
Во соопштението на киргистанското министерство за здравство се известува дека во регионот Баткен, кој се наоѓа на југозападот со Киргистан и граничи со Таџикистан смртно настрадале уште 12 лица. Претходните податоци говореа за 24 загинати.
И Таџикистан во неделата извести за нови жртви, објавувајќи дека во судирот загинале 35 лица. Нема информации за масовни евакуации на населението од двете страни на границата.
Двете земји се судрија претходно седмицава на заедничката граница, меѓусебно обвинувајќи се за користење тенкови, минофрлачи и ракетна артилерија, како и јуришни беспилотни летала, во напади врз пограничните населби.
Проблемите кои се однесуваат на границите во земјите на централна Азија главно потекнуваат од Советскиот сојуз, кога комунистичките водства, особени при распадот, да ги поделат регионите меѓу етничките групи чии населби често биле сместени меѓу други етнички групи. Така, меѓу другото, надвор од границите на Русија останаа и повеќе од 25 милиони Руси.
Киргистан и Таџикистна договорија прекин на огнот кој стапи на сила и главно се одржува и покрај неколкуте гранатирања за кои меѓусебно се обвинуваат. Двете земји имаат руски воени бази и одржуваат блиски односи со Москва која претходно во петокот ги повика двете страни на прекин на непријателствата.