Путин и Кси го означија почетокот на градење реактори во две нуклеарки во Кина

Рускиот претседател Владиир Путин и неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг преку видо-конференција го означија во средата почетокот на изградбата на два енергетски блока во нуклеарната центраја Тјанван, и уште два во постројката во Ксудапу.

Путин и Кси симболично на виртуелниот настан им дадоа одобрување на надлежните за започнување на работите.

Кинеските власти ја сметаат соработката со Русија во областа на нуклеарната енергија за приоритет во областа на „сеопфатнта стратешка билатерална соработка“, изјави по овој повод кинескиот челник.

„Во заднината на пандемијата и невидените во последните сто години промени, нашите земји обезбедуваат цврста меѓусебна поддрпка (…) што јасно го покажува длабокото значење на сеопфатната кинеско-руска соработка“, рече Кси

Кинескиот челник оцени дека „енергетиката отсекогаш бепе најзначајната, најуспешна и најголема сфера“ во практичната соработка на двете сили, а оти соработката во нуклеарната сфаера е „нејзиниот приоритет“.

Кси потсети дека годинава се одбележува 20-годишнината од потпишувањето на кинеско-рускиот договор за добрососедство, пријателство и соработка.

„Претседателот Путин и јас се согласивме дека двете земји ќе се залагаат за унапредување на билатералните односи уште повисоко, пишироко и подлабоко“, додаде кинескиот претседател.

Рускиот вицепре,иер и поранешне министер за енергетика Александр Новак по тој повод изјави дека соработката со Кина во сферата на нуклеарната енергија е стратешки приоритет за рускуот енергетски сектор. Челникот на руската државна корпорација „Росатом“, Алексеј Лихачев, кој се наоѓаѓе во во градот Волгодонск, каде што се произведуваат релата за реакторите за Кина, изјави дека претпријатието „Атомаш“ во моментов работи со најголем интензитет во историјата, додавајќи дека во моментов се прави целосна опрема за шест реактори и оти во моментов во земјата и во девет странски држави се прават 27 блокови за атомски централи.

Нуклеарката „Тјанван“ е најголемиот објект во кинеско-руската економско енергетска соработка. Пуштањето во функција на првите два блока беше во 2007, а уште два почнаа со работи во 2018 година. Според договорот од 2019 година, седмиот и осмиот блок од оваа нуклеарка треба да бидат ставени во работа во 20027 и 2028 година, како и другите два реактора во нуклеарната „Ксудапу“. Руската страна, според договорот е одговорна за проектирањето на објектите и структурите за нуклеарните инсталации, снабдување со основна опрема и осигурување инженерски услуги во текот на инсталацијата и пуштањето во работа.