Путин и Зеленски се согласиле да примат африканска мисија со потенцијален мировен план

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рампафоза изјави во вторникот дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володомир Зеленски се согласиле да примат група африкански челници за да разговараат за потенцијален мировен план за запирање на војната.

„Моите разговори со двајцата челници покажаа дека двајцата се подготвени да ги примат африканските челници и да разговараат за тоа како овој судар може да се приведе кон крајот. Дали ќе успеат во тоа, ќе зависи од разговорите коишто ќе бидат водени“, изјави Рамафоза на заедничката прес-конференција со сунгапурскиот премиер.

Рамафоза додаде дека мировниот план го поддржале и челниците на Сенегал, Уганда и Египет, истакнувајќи дека Обединетите нации, САД и Велика Британија, исто така, биле известени со за инцијативата.

Вашингтон и Лондон изразиле „претпазлива“ поддршка за тој мировен план, додаде јужноафриканскиот претседател.

Јужноафриканската Република е членка на групата земји БРИКС, во која е и Русија со која има тесна соработка во повеќе сектори, а претходно годинава одржа поморски маневри со учество на бродови на руската и кинеската воена морнарица.