Искусниот руски функционер роден во Украина е именуван за односите меѓу Москва и Киев, а војо потег политичари во украинската престолнина го доживуваат како натамошен доказ за благо подобрување на односите, пренесуваат во вторникот агенциите.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави за нбовинарите дека Дмитриј Козај на својата нова должност заменик на шефот на претседателската админситрацијата особено ќе се занимава со украинските прашања, пренесува агенцијата ТАСС.
Козак, чиешто образование е правничко и работел како адвокат, е роден во Украина во времето на Советскиот сојуз.
Односите меѓу Москва и Киев се нарушени откако во март 2014 година беше соборен со поддршка на Западот прорускиот премиер Виктор Јанукович, а по укинувањето на законот со кој рускиот јазик беше сметан како втор и укинувањето на правата на регионот, црноморскиот полусотров Крим преку референдум си ја поврати укинатата во 1990-те години автономија и надмоќно изгласа присоединување на Руската Федерација, додека југоисточните доминатно рускојазичн и руски региони прогласија независност. Присоединувањето на Крим, Киев и Западот го сметаат за нелегална руска анексија на украинска територија, а во речиси шестгодишниот конфликт на истокот од земјата загинаа над 13.000 лица. Русија притоа редовно ги отфрла обвинуваата дека има улога во конфликтот со поддршка на силите на одметнатите региони.
Украина и Русија водат преговори за спроведување на мировниот договор за областа Донбас, но најважните несогласувања и натаму се присутни, и сѐ уште се чини далечно повторното нормализирање на односите.
Откако на власт дојде новиот украински претседател Владимир Зеленски, дојде до одреден паредок на самитот кој беше одржан во декември во Париз, со челниците на Русија, Франција и Германија. Потоа следуваше големата размена на заробениците.
Зеленски во вторникот го постави поранешниот адвокат Андриј Јермак за шеф на својот персонал. Јермак, кој беше вклучен во преговорите за размена на затворениците со проруските бунтовнции, изјави за украинската телевизија 24ТВ во понеделникот дека се сретнал со Козак и оти смета дека тој е подобрување по неговиот претходник
„Се чини дека Козак е поподготвен на дијалог. Кога станува збор за проблематика за којашто разговаравме, можам само да кажам дека имавме контруктивни разговори, без што ништо од она што досега го видовмен не би било можно“, го цитира Јермак украинската новинска агенција УНИАН.