Ние повеќепати покажавме, а подготвени сме да го направиме тоа уште еднаш, доколку некој не сака да соработува со нас, си нанесува штета и самиот на себе, рече во петокот рускиот претседателот Владимир Путин и додаде дека Русија во секој случај ќе ги реши поставените задачи.
Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин, преку видео обраќање на церемонијата на подигање на руското знаме на траектот „Маршал Рокосовски“.
Додаде дека Русија само одговара на негативни постапки од други земји. Ги советуваше соседните земји да не ја влошуваат ситуацијата и да не воведуваат ограничувања.
„Сите наши дејствија, доколку се појават, тие секогаш произлегуваат исклучиво како одговор на некоја непријателски активности против Руската Федерација“, додаде Путин.
Русија, како што додаде Путин, ќе ги исполнува своите обврски и во иднина, како и досега.
„Не гледам потреба да се влошува систуацијата, ниту да ги влошуваме нашите односи“, истакна Путин.
Според него, ако некој не сака да соработува, тоа ќе ѝ наштети на Русија, но, земјата, како што тој тврди, сепак, ќе ги реши проблемите и ќе победи. Бидејќи, како што нагласи претседателот, ќе добие нови компетенции.
„Ние повеќепати покажавме, а подготвени сме да го направиме тоа уште еднаш. Ако некој не сака да соработува со нас, си нанесува штета и самиот себеси. Се разбира, ни наштетува и нам, но во што? Ќе мораме да поместиме некои проекти малку надесно, да добиеме дополнителни компетенции, на ист начин, како што го правевме тоа и за други проекти“, додаде Путин.
Уверен е дека задачите што стојат пред Руската Федерација, сепак, ќе бидат реализирани.
„На крај краишта, од ова ќе имаме полза, бидејќи, како што веќе реков, ќе стекнеме дополнителни компетенции“, појасни рускиот претседател.