Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ќе го помилува поранешниот сопственик на компанијата „Јукос“, Михаил Ходорковски кој е во затвор повеќе од 10 години.
„Декретот за помилување наскоро ќе биде потпишан,“ изјави Путин на годинешната прес конференција за новинарите, потсетувајќи дека Ходорковски помина повеќе од една деценија во затвор, дека тоа е тешка казна и дека како шеф на државата мисли дека треба да донесе одлука за помилување.
Ходорковски кој беше уапсен во 2003 година, побара помилување, но до сега не добил позитивен одговор. Тој е осуден на 13 години затвор поради перење пари и корупција во аферата за која многумина тврдат дека била пресметка на власта со тој бизнсимен кој го критикуваше Кремљ и ја финансираше опозицијата.