Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на државната церемонија на збогување со поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе убиен во атентат претходно месецов, соопшти во понеделникот Кремљ.
„Не, Путин нема планови за посета на Јапонија и учество на погребот“, изјави на брифингот за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашања.
Додал дека Русија дека треба да репи за присутност на свои претставници на државната церемонија во Токио.
Јапонија ги известила сите земји со коишто има дипломатски односи, вклучително и Русија, за државната церемонија, изјави претходно во понеделникот шефот на кабинетот на премиерот, Јошихико Исозаки.
Јапонскиот дневен весник Sankei објави во саботата дека официјално Токио настојува да не му се дозволи на рускиот претседател Владимир Путин евентуално да дојде на церемонијата во среда.
Абе беше убиен на предизборен собир во рамките на кампањата минатиот месец во атентатот кој ја шокираше Јапонија. Неговиот погреб беше одржан набрзо потоа, но владата реши дека државната церемонија ќе се одржи на 27-ми септември во затворената арена „Нипон Будокан“ во центарот на Токио.