Путин ја даде оваа изјава по повод наводниот хемиски напад во сириската провинција Идлиб, при што загинаа 86 лица.
При телефонскиот разговор со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, Путин нагласи дека е „неприфатливо формулирањето на неосновани обвиненија против кого било, пред да биде извршена непристрасна и детална меѓународна истрага“, стои во соопштението на Кремљ.
Рускиот претседател наводниот хемиски напад го нарече „инцидент со хемиско оружје“.