Рускиот претседател Владимир Путин го нарече во средата ставот на Европскиот парламент за Пактот Рибентроп- Милотов „бресрамна лага“ и предупреди дека повторно се прават обиди да се искривуваат историските вистини особено за Втората светска војна.
Европскиот парламент пред два и пол месеца усвои резолуција во која се наведува дека договорот за ненапаѓање и пријателство меѓу Германија и тогашниот СССР од 23-ти август 1939 година во Москва, наречен по тогашните министри за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп и Вјачеслав Молотов, „отворил пат за избувнување на Втората светска војна“.
Русија го задржа ставот од Советскиот сојуз дека споменатиот договор бил „нужно зло“ за да се спречи нацистичката офанзива врз комунистичката земја. Сепак, две години подоцна во 1941 година Германија го нападна СССР.
Обраќајќи им се на функционерите кои ја организираат свеченоста по повод 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна која во Русија се нарекува Татковинска војна, претседателот Владимир Путин изјави дека ставот на Европскиот парламент „не се темели на ништо вистинско“.
Во резолуцијата, исто така, се наведува дека договорот имал цел да ја подели Европа „меѓу два тоталитарни система“, нацистичката Германија и комунистичкиот Советски сојуз.
„Обидите за искриввувње на историската вистина не запираат. На нив не им се приклучија само наследниците на соучесниците на нацистите, сега тоа стаса и до некои доста репсектабилни меѓународни институции и европски структури“, изјавил Путин на состанокот на организацискиот комитет.
Како пример ја навел споменатата резолуција на Европскиот парламент, која „која фактички на исто ниво и нацистичките агресори и Советскиот Сојуз, речиси обвинувајќи го СССР, заедно со нацистичка Германија, за почетокот на Втората светска војна, како да заборавиле кој ја нападна Полска на 1-ви септември 1939 година и Советскиот сојуз на 22-ри јуни 1941 година“/
„А оние кои се обидуваат да ја оспорат со таквата со ништо реална неосновата бесрамна лага, се обвинети за информативна војна против демократска Европа. Ова е цитат“, рекол Путин.