Рускиот претседател Владимир Путин во средата по долгите нагаѓања и молк од негова страна одговарајќи на прашањата на граѓањните објави дека се вакцинирал со руската вакцина против коронавирусот „Covid-19“ на почетокот од годинава.
Рускиот претседател, кој денеска одговара на прашања од руските граѓани, кажа дека бил замолен да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа, сепак, призна дека станува збор за вакцината „Спутник V“, што беше развиена од рускиот Инвестициски фонд во соработка со институтот „Гамалеа“.
Оваа руска вакцина беше првата регистрирана вакцина во светот против Covid-19.
Откако досега упорно премолчуваше со која од четирите руски вакцини се имунизирал и, за разлика од другите светски челници, не пред објективите на камерите, 68-годишнот Путин потвди дека во март и во април ги примил двете дози од препаратот против Covid-19.
„Сметав дека треба да бидам заштитен што е подолго можо. Затоа избрав да се вакцинирам со Спутник V. Војската, исто така, се вакцинира со Спутник V, а јас, во крајна линија, со врховен командант“, изјави Путин одговарајќи на прашањето.
„По првата доза од вакцинирањето воопшто ништо не чувстува. Четири часа подоцна нешто благо чувствував на местот на боцнувањето. Втората доза ја добив кон средината на денот, а околу полноќ измерив температура 37,2 степени. Отидов на спиење и утрото веќе немав температура, беше 36,6“, рече рускиот претседател.
Рускиот претседател додаде дека имунолошкиот тест покажал дека по вакцинирањето кај него има високо ниво на заштита од коронавирус.
Путин, исто така, истакна дека е против задолжителната вакцинација и дека „луѓето по неа сè уште се соочуваат со инфекцијата, но дека болеста полесно се поднесува или е без последици“.
„Како што гледаме, кај нас сè е во ред. Фала му на Бога, немаме трагични ситуации по вакцинирањето, како на пример по употребата на AstraZeneca“ или Pfizer“, рече Путин.