Путин порача дека Русија не сака војна во Европа

(Photo by Mikhail Klimentyev / Sputnik / AFP)

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот повтори дека Русија не посакува војна во Европа, а ситуацијата во источните одметнати проруски региони во Украина ја нарече „геноцид“ и повика на почитување на догoворите од Минск склучени во 2014-та и 2015 година.

На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Москва, Путин потврди дека Русија решила делумно да ги повлече единиците во близина на границата со Украина и дека гледа дополнителен простор за продолжување на преговорите со Западот за безбедносните предлози на руската страна и појасни што ќе ја определи во иднина руската политика во сферата на безбедноста.

„Дали сакаме (војна) или не? Секако дека не. Затоа и ги изнесовем нашите предлози за преговарачкиот процес“, додаде Путин. Притоа, повторно потврдувајќи ги информациите за „делумното повлекување на војниците“ од границата со Украина, не сакаше да коментира натаму.

Рускиот челник, исто така, рече дека „не може да ги затвора очите пред тоа како САД и НАТО се однесуваат кон принципот за неделивост на безбеднсота“, бидејќи Москва оценува дека Западт сака да ја зајакне својата безбедност на сметка на руската.

„Што се однесува до тоа како Русија ќе делува натаму. Според планот. А од што тој ќе се состои? Од реалната ситуација на теренот. Засега никој не може да одговори на прашањето како таа ќе се развива. Тоа не зависи само од нас“, рече Путин.

Рускиот челник додаде дека Кремљ се стреми да преговара со партнерите, но иствремено истакна дека Москва е подготвена да разговара за безбедносните прашања само во севкупност со други теми кои имаат приоритетно значење за неа.

„Подготвени сме за таквата заедничка работа и натаму, исто така, подготвени сме да го следиме патот на преговарање, но сите прашања, како што претходно наведовме, треба да се разгледуваат како целина, без одвојување на главните руски предлози, чиешто имплементирање е апсолутен приоритет за нас“, истакна Путин,

Сепак, рускиот претседател предупреди дека немало конструктивни одговори на тие барања. Москва бара правно обврзувачки договор со НАТО за непроширување на пактот на исток и непоставување ударни ракетни системи во близина на руските граници, како и повлекување на странските војски од членките на Алијансата кои ѝ пристапија по 1997 година, односно по воспостатувањето на Советот НАТО-Русија.

Путин притоа рече дека му е кажано дека Украина нема во блиска иднина да му се придружи на НАТО, но дека Кремљ тоа не го смета за доволна гаранција за безбедноста на Русија и дека договот по тоа прашање сака „целосно и веднаш“.ж

„Според мене, сѐ е јасно и разбирливо. Подготвени сме да разговараме за другите прашања кои се содржани во одговорот што го дибивме (од НАТО и САД на рускиот предлог-договор од крајот на ланскиот декември), но во комплексот со она што е од најголема вредност и првостепено значење за нас“, рече Путин.

Во врска со судирот меѓу украинските сили и милициите на одметнатите проруските региони, каде мировниот процес е повеќе од две години, додека француско-германските посредници се обидуваат да го заживеат, Путин и Шолц повторно истакнаа дека се приврзани на договорите од Минск.

Но рискиот претседател ги повтори обвинувањата за бластите во Киев за „геноцид“ над руското и рускојазично население и не само во самопрогласените „народни републики“ во Донецк и Луганск, без да ги повторува обвинувањата кои ги изнесе кон крајот на минатата година.