Русија е подготвена да ги разгледа сите прашање во врска со прекин на огнот во Украина, но ќе тргнува од сопствените интереси, изјави ноќта кон понеделникот Владимир Путин во неговиот изборен штав во Москва, каде што ги дочека резултатите од тридневните претседателски избор на кои надмоќно освои уште еден шестгодишен мандат.
Коментарот на Путин пред новинарите беше одговор на прашањето во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кои изјави дека ќе ѝ предложи на Русија прекин на огнот во Украина во текот на Олимписките игри коишто летово ќе се одржат во Париз.
„Ние се подготвени да го разгледаме секои прашање, но секогаш во секоја ситуација ќе тргнуваме од интересите на Русија. И од ситуацијата на боиштето, разбирливо“, рече Путин.
„Знаете, јас цело време велев, и ќе повторам, ние сме за преговори за постигнување мир, но не затоа што на непријателот му снемува муниција, туку доколку навистина, сериозно, долгорочно сакаат да изградат мирни, добрососедски односи меѓу двете држави, а не да се прави пауза до повторно вооружува за година до две“, додаде рускиот претседател.
Путин всушност алудираше на признанијата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд кои по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година потврдија дека ткн Мински договори за мир, склучени во 2014 и 2015 година во ткн Нормандиски формат (Украина, Русија, Германија и Франција) всушност било купување време за да се вооружи војската под контрола на Киев за воено да интервенира врз одметнатите доминантно руски регионот Доњецк, Луганск и Крим. Трите југоисточни украински региони прогласија независност по превратот во Киев во март 2014 и откако новите прозападни власти им наложија свои локални власти и го забранија рускиот јазик во каква и да е употреба.
Покрај тоа, на прашањето со кого Русија ќе преговара во Украина, откако украинскиот претседател Володомир Зеленски во услови војна ги одложи годинешните избори, Путин одговори дека во Москва ќе размислуваат во врска со тоа.
Минатата седмица во интервју со рускиот новинар Дмитриј Киселев, Путин, исто така, потврди дека Русија „сѐ уште е подготвена“ за преговори со Украина, но дека тие мора да бидат „конструктивни“, а во прв ред Москва ќе влезе во нив од аспект на интересите на сопствената национална безбедност. И тогаш истакна дека каков и да е прекин на огнот не смее да се гледа како пауза за обновување на воениот арсенал, туку секој од учесниците мора да го сфати своите удел во натамошниот развој на ситуацијата.
Во Москва, исто така, посочуваат дека по инсистирање на Зеленски, украинската Врховна рада (парламентот) донесе закон со кој се забранува водење преговори со Путин, па така нејасно е како Киев и неговите западни сојузници мислат дека ќе се одвиваат таквите преговори на кои сѐ почесто повикуваат последните месеци откако и дефинитивно признаа дека не успеа долгонајавуваната украинска противофанзива.
Во продолжение од брифингот, зборувајќи за Олимпијадата, Путин истакна дека меѓународните претставници го извртуваат целото значење на олимпиското движење и ги поткопуваат темелите на меѓународниот спорт. Ги имаше предвид забраните на различните меѓународни спортски сојузи кои под влијание на политиката ги исклучија од сите натпреварувања руските и белоруските селекции и спортисти, а на игрите во Париз ќе им биде дозволено да настапат