Рускиот претседател Владимир Путин изјави во средата дека дведецениската американска инвазија во Авганистан не постигнала ништо, освен што предизвикала трагедија и губење човечки животи на сите страни и покажала дека е невозможно да им се наметнуваат туѓи вредности на други држави.
„Американските сили биле присутни на таа територија 20 години и 20 години се обидуваа да ги цивилизираат луѓето кои таму живеат, да ги наметнат сопствените норми и животни вредности, во најшироката можна смисла на зборот, па така и во политичката организација на општеството“, рече Путин,
Обраќајќи им се на тинејџерите во високобразовна истанува на рускиот Далечен исток, рускиот претседател порача дека американскиот пристап во Авганистан бил погрешен.
„Резултатот се само трагедиии и загубени животи на оние кои тоа го правеан, на Соединетите држави, а уште повеќе на луѓето кои живеат на територијата на Авганистан. Резултатот е нула, ако не и негативен“, додаде Путин.
Рускиот претседател, кој претходно рече дека Москва ги извлекла поуките од советската инвазија во Авганистан во 1980-те години и дека не планира во никој случај и во никоја форма да распоредува свои единици во оваа земја, рече дека е важно предвид да се земат историјата, културата и животната филозофија на луѓето како Авганистанците кога се разговара со нив.
„Невозможно е ним да им се наметнува нешто однадвор“, истакна Путин.
САД своите последни војници од Авганистан ги повлече во понеделникот, а американскиот претседател Џо Бајден во вторникот во обраќањето до нацијата зборуваше за крајот на ерата на американските воени интервенции за да се преобликуваат другите земји.
Новата ситуација во Авганистан ја загрижува Русија, којашто со соседните поранешни советски републики во Централна Азија има договор за колективна одбрана и стравува од ширење на радикалниот исламизам во нив и на нејзините граници. Руските единици уште на почетокот на август одржаа заедничко воени вежби близу авганистанската граница со Таџикистан, каде што ја зајакна својата воена база.