![putin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/putin.jpg?resize=696%2C466&ssl=1)
Рускиот претседател Владимир Путин предложи во вторникот „веднаш“ да се пристапи не преговорите со НАТО и САД за безбедносните гаранции за Руската Федерација во периодот на растечките воени танзии меѓу Западот и Москва.
„Владимир Путин ја истакна неопходноста веднаш да започнат прегповорите со САД и со НАТО за да се одредат прваните грарации за безбедноста на нашата земја и за да се спречи идното ширење на Алијансата на истокот и распоредувањето на офанзивните воени системи во Украина и во соседните земји кои би претставувале закана за Русија“, истакнува Кремљ во соопштението објавено по телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и финскиот претседател Саули Ниисто.
Финска е долгогодишен постедник меѓу Русија и западните земји и често повикува да се земаат предвид интересите на Москва, и водејќи се од тоа заедно со Шведска се членки на Европската унија но се партнери со НАТО и ја задржуваат воената неутралност.
Путин во разговорот одржан преку видео-врска на почетокот од декември и на американскиот претседател Џо Бајден му порача дека Русија бара правно обврзувачки договори со кои ќе се исклучи секои ново проширување и присуство на НАТО на руските граници, бидејќи Москва оценува дека Западот водејќи се од таквата доктрина го прекршил ветувањето дадено за мирното раздружување на понерешниот Советски сојуз.
Путин во разговорот со финскиот претседател Ниисто повторни ги обвинил украинските власти во Киев дека го кршат мировниот договор од Минск со кој се наведени насоките за воспоставување мир на побунетиот рускојазичен југоисточен украински регион Донбас. Рускиот претседател претходно повеќепати предупреди дека НАТО ја загорзува Русија вооружувајќи го Киев и распоредувајќи сѐ повеќе воздушни и поморски сили во стратешкиот региона на Црното Море.
„Рускиот претедател истакна дека украинските власти, кршејќи го договорот од Минск, отворено сметаат на употреба на слила, користејќи во Донбас тешко вооружување и напади со беспилотни летала“, се наведува во соопштението на Кремљ.