Путин сака „конкретен договор“ за неширењето на НАТО на истокот, кој ја отфрла и помислата на сфера на руско влијание

Рускиот претседател Владимир Путин побара во средата „конкретен договор“ кој ќе го спречи ширењето на НАТО на истокот и распоредување на вооружени системи во близина на руските граници и предложи да бидат организирани преговори за ова прашање.

Објавата до Москва доаѓа во моментите на растечки тензии меѓу Русија и Западот кој ја обвинува за наводна подготовка на воена инвазија во Украина.

„Во дијалогот со САД и со нивните сојузници ќе настојуваме на постигнување конкретен договор со кој би се спречикло секое ширење на НАТО на истокот и распоредување на воени системи коишто ни се закануваат во непосредната близина на руската територија“, истакна Путин.

„Предложуваме за ова прашање да почнат важни преговори. Потребни ни се правни гаранции, бидејќи нашите колеги не ги почитуваа своите соодветни усмени обврски“, изјави рускиот претседател во текот на предавањето на агреманите на странските амбасадори во Кремљ.

Спроед мислењето на Путин „сите знаат дека се даден усни гранциии за неширењето на НАТО на истокот (по распадот на СССР), а тие го правеа сосема спротивното“, и порача дека Алијансата „така ја пренабрегна легитимната руска загриженоста во сферата на безбедноста, и натаму ја пренабрегнува“.

Русија сака „цврсти и долгорочни безбедносни гаранции“, истакан Путуин додавајќи дека договорот мора да води смета за интересите на Русија и на сите евроатлантски земји. „Мирот и стабилноста мора да се обезбедта во целиот свет и потребни му се на целиот свет“, додаде Путин.

Западот ја обвинува Русија дека трупа сили во близина на украинската граница поради наводна евентуална инвазија, што Москва го негира и тврди дека тоа е одговор на зголемувањето на украинските единици на нејизните граници. Русија им забележува на НАТО за континуираните големи маневри на нејзините граници и испораките на Украина на офанзивно оружје.

Истовремено на прес-кофенрецијата по завршувањето на средбата на министрите за надворешни работи на членките на НАТО во латвиската престолнина Рига, генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг рече дека е неприфатлива и самата идеја дека Русија може да има своја сфера на влијание, бидејќи сите нејзини соседи се суверени држави.

„Самата формулација на прашањето ја одразува тезата којашто треба да ги предизвика нашите сомнежи и која е неприфатлива, Тоа е тезата дека Русија има сфера на интереси“, изјави Столтенберг одговарајќи на прашањето дали евентуалниот прием на Украина во НАТО ќе претставува експензија на Алијансата во историската сфера на интереси на Русија и дали тоа ќе доведе до нова спирала на тензии во Европа.

„Тоа значи дефакто признавање дека Русија може да контролира што прават или не прават нејзините соседо. И тоа е светот во кој ние не сакаме да се враќаме. Светот во кој големите земји би можечле да воведат ограничувања за тоа што би можела да прават суиверените независни нации. Јас самиот потекнувам од мала земја на границата со Русија и многу ми е драго што нашите сојузници во НАТО никогаш не го почитувале наводното право на Русија да воспостави своја сфера на влијание на северот, и што Норвешка како мала независна земја треба или не треба да го прави“, додаде Столтенберг.

Продолжи дека тоа важи и за Украина како независна суверена земја со меѓународно признати граници, гарантирани и до Русија и порача дека мора да се почитуваат „вклучително и во Донбас и Крим како дел од Украина“, наведувајќи ги двата реагиона со доминанто руско и рускојазично население кое е во конфликт со власта во Киев по превратот од 2014 година со кој беше соборена владата која одржуваше тесна соработка со Москва.

„Оттаму, самата идеја дека поддршката на НАТО на независна земја провокација (против Русија) е едноставно погрешна. НАРО едноставно ја следи волјата на украинскиот народ“, рече Столтенберг.

„НАТО целосно го почитуваше мнението на мислењето на суверените земји како Полска или балтичкиеѕ земји кога решија да ѝ се приклучат на Алијансата. Исто така ја почитуваме одлуката на Украиан која се надева на членство во НАТО, ние веќе изјавивме (на самитот во Букурешт во 2008-ма) дека таа може да биде членка на НАТП, но тоа земјите членки ќе го одлучат кога таа ќе биде подготвена за членство и кога ќе ги исполнува стандардите на Алијансата. Ние ѝ помагаме на тој пат“, рече Столтенберг.

Заклучи дека Русија „нема право на вето или гласање за тоа прашање“, како и дека „не може да се обидува да воспостави своја сфера на интереси.