Путин зборувал за Кончита Вурст и за Библијата

Рускиот претседател Владимир Путин го коментирал победникот на Евровизија – брадестиот травестит Кончита Вурст, чие вистинско име е Томас Нојвирт, пишува британскиот дневен весник „Дејли телеграф“, пренесува Нетпрес.

Путин коментирал на неофицијален разговор на вечера, која се одржала во Санкт Петерсбург, кој неодамна беше домаќин на економски форим.

Пред своите соговорници рускиот претседател рекол дека е многу либерален и дека Кончита Вурст има право да го живее својот живот како што сака. Тој додал дека е цврст приврзаник на традиционалните вредности.

„Библијата ни говори за два пола – маж и жена – и основната цел на сојузот меѓу нив е да создаваат деца. Луѓето имаат полно право да го живеат својот живот на начин на кој тие сакаат. Но, никако не треба тие да се агресивни или пак, да прават шоу од тоа“, рекол претседателот на Русија.